362. дерби на Турција, меѓу Галатасарај и Фенербахче имаше се освен голови. Невидена тепачка меѓу играчите и четири црвени катони, по два на двете страни.

На истанбулскиот “Али Сами Јен” во последната минута од средбата играчите на двете екипи меѓусебно се степаа. Дуелот на Лугано и Емре Ашик предизвика метеж, а заврши со исклучување на Ашик и Туран кај Галатасарај, односно Шентурк и Лугано кај Фенербахче.

Двата тима се далеку од борбата за лидерската позиција во турското фудбалско првенство. Галатасарај е на четвртата позиција, а Фенербахче на петтата. Имаат по 48 бодови. На врвот на табелата е тимот на Сиваспор, кој има дури осум бодови предност пред двата големи клуба од Истанбул.