Строгиот режим на Дон Фабио уште на првиот натпревар даде плод. Во пријателски натпревар совладана е Швајцарија со 2:1. На првите подговки кои ги имаа играчите на “трите лава“ со италијанскиот стручњак сите ги добиеле 11 заповеди ! !

1. Нема ѕвезда во тимот и ниту еден фудбалер не смее да ја доведе во прашање тактиката на селекторот.

2. Важи полициски час за играчите. 48 часа пред мечот нема шетање.

3. Стрикно почитување на режимот на диети и често мерење. Без месо и колачи.

4. Регуларни видео-сесии меѓу играчите за анализа на претходните средби.

5. Секој интерен проблем се решава прво со селекторот. На останатите не им е дозволена дискусија.

6. Сите играчи јадат заедно. Оброците мораат да бидат сервирани на време.

7. Да се игра чесно за државниот грб.

8. Употребата на мобилните телефони во соблекувалните е строго забранета.

9. Тренингот трае минимум 2 часа. Нема исклучоци за никого.

10. Играчите можат да носат пристојна облека на патувањата. Обавезни се белите маици.

11. Секој играч ќе биде казнет со 1000 евра ако добие картон поради приговор.

 
Сите прашуваат.Ќе ги среди ли Капело англиските примадони ? ?
Најчестиот одговор е: Ако Капело не ги среди нема кој ! ! !