Монтепаски на Владо Илиевски го совлада Фенербахче Улкер со 73:66 во првиот меч од четвртфиналната серија во кошаркарската Евролига и поведе со 1:0 во победи. Илиевски за 8 минути игра постигна 5 поени.
Најпријатното изненадување го направи Олимпијакос, кој го победи ЦСКА во Москва со 76:74 со кош во последната секунда.Тау Керамика му поведе на Партизан Игокеа со 1:0, откако го совлада дома со 74:66. Макаби ја совлада Барселона со 81:75.
Четвртфиналните серии се играат во две добиени средби, а вторите натпревари се играат утре.
ohridnews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com