Монтепаски  на Владо Илиевски е првиот тим во кошаркарската Евролига, кој обезбеди место на завршниот турнир во Мадрид. “Банкарите“ го победија Фенербахче Улкер во Истанбул со 86:65 и ја добија полуфиналната серија со 2:0 во победи. Илиевски за 19 минути игра постигна 4 поени, а имаше и по 2 скокови и асистенции.

ЦСКА му се реваншираше на Олимпијакос за поразот во Москва. Избраниците на Еторе Месина славеа во Атина со 83:73 и се изборија за мајсторка во својата сала.

Партизан  се избори за трет решавачки дуел против Тау Керамика, откако победи во својата сала со 76:55.

Барселона израмни на 1:1 против Макаби, откако го доби натпреварот на домашен терен со 83:74.
Решавачките четвртфинални натпревари ќе се одиграат на 9 и 10 април.

ohridnews