Нема веќе непоразени екипи во кошаркарската Евролига по одигрувањето на 2то коло од ТОП 16 фазата, откако Барселона потклекна под пеколната атмосфера на гостувањето во Белград. Во вистински инфаркт финиш, Партизан во дополнителните пет минути оствари победа од 67-66 , зацврстувајќи го 1-то место во Е групата. Црно-белите до победата стигнаа благодарение на дабл-дабл учиноците на Јан Весели од 13 поени и 15 скока и на Лоренс Робертс од 12 поени и 11 скока. Кај гостите најкорисен беше словенскиот тандем Јака Лаковиќ и Еразем Лорбек, постигнувајќи 14, односно 10 поени.
ГРУПА Ф
Ефес Пилсен – Монтепаски Сиена 88-78
Ефес ја оствари првата победа во ТОП 16 фазата благодарение на одличната игра на Марио Касун кој постигна 17 поени и додаде 9 скока. Кај гостите најпрецизни беа Терел Мекинтаер и Дејвид Хокинс со по 12 поени.
ГРУПА Г
Уникаха – Проком 50-70, Жалгирис – ЦСКА 68-83
Пољаците покажаа одлична игра на гостувањето во Малага, остварувајќи 2ра победа за делба на 1-то место во групата со ЦСКА, која пак многу лесно стигна до победа на гостувањето во Каунас.
ГРУПА Х
Олимпијакос – Химки 87-69
Грците забележаа лесна победа на домашен терен, по одличната игра на Јотам Халперин кој постигна 15 поени, и Софоклис Скорцијанидис кој уфрли 14. Кај гостите се истакнаа Кит Ленгфорт со 18, и Кели МекКарти со 15 поени.
К.Д.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com