Маруси му го нанесе вториот пораз на актуелниот европрвак Панатенаикос, совладувајќи го со 80-78 во второто коло од Евролигата во Е групата. Иако двете екипи ги играат домашните натпревари во О.А.К.А.  Арената, Панатенаикос како гостин не успеа да ја задржи улогата на фаворит во Атина. Билијам Киз беше најзаслужен за победата, постигнувајќи 17 поени за Маруси, додека најефикасен кај ПАО беше Никола Пековиќ со 19.

ТАБЕЛА: 1. Партизан; 2.Маруси; 3.Барселона; 4. Панатенаикос

Макаби го совлада Реал Мадрид во Тел Авив со 81-76, па сега сите екипи во Ф групата имаат по една победа и еден пораз. Маестрална партија одигра Алан Андерсон, уфрлувајќи 20 поени, 8 скока и 5 асистенции, со што ја однесе и МВП титилата на колото со 40 индексни поени. Римантас Каукенас беше најпрецизен кај кралевите со 17 поени.

ТАБЕЛА: 1.Реал Мадрид; 2. Макаби; 3.Монтепаски; 4.Ефес Пилсен

Каха Лаборал издвојува значајна победа на гостувањето кај Цибона од 75-78 во вистински трилер натпревар во кој Цибона имаше две шанси за израмнување. Карл Инглиш и Мирза Телетовиќ беа најефективни кај гостите со 17, односно 16 поени, додека кај Цибона најефикасен беше Марко томас со 22.

ТАБЕЛА: 1.Олимпијакос; 2.Каха Лаборал; 3. Химки; 4.Цибона