На третата позиција е Арјен Робен, кој го постигна “решавачкиот“ погодок од слободен удар во победата на Баерн Минхен на гостувањето кај Вердер 3-2.
На второто место е португалскиот интернационалец Кристиано Роналдо кој беше прецизен на два пати во дуелот на Сантијаго Бернабе против Малага, подоцна во натпреварот Роналдо беше исклучен поради намерно удирање на противнички играч.
Првата позиција му припадна на Горан Пандев. Македонскиот репрезентативец блескаше на “дерби дела мадонина“. Пандев асистираше за првиот погодок на Милито, во вториот дел Пандев погоди од слободен удар, “неро-азурите“ го совладаа Милан со 2-0.