Екипите на територијалната професионална противпожарна единица од Охрид, на Националниот парк Галичица, работници од јавните претпријатија во градот, волонтери на Црвениот крст и граѓани, доцна попладнево го ставија под контрола пожарот што избувна денеска во 13.45 ч. на планината Петрино кај месноста викана „Мечкина дупка“. Огнот избил на две локации во близина на далноводите над 110-киловолтната станица која го снабдува Охрид со електрична енергија. Дежурни екипи под полна опрема вечерва остануваат на терен со цел да не се дозволи обновување на пожарот.

OhridNews