Интер се извлече против Бреша, играјќи 1-1 на „Џузепе Меаца“, додека Болоња го победи Лече во воведниот меч од рунда во италијанската Серија А.

Македонскиот интернациналец Горан Пандев ги одигра сите 90 минути во ремито на домашен терен,во првиот дел имаше неколку изгледни прилики но не успеа да ја погоди целта.

По двојното проигрување Пандев – Ето, камеренуцот беше соборен во казнетиот простор, по што судијата покажа на белата точка.

Ето беше стрелецот кој го поништи водството на Бреша во првиот дел преку Карачоло.  Пандев сезонава по седум одиграни кола нема постигнати погодок.

Денес играат: Фиорентина-Киево, Бари-Милан, Јувентус-Чезена, Наполи-Парма, Лацио-Рома, Удинезе-Каљари, Сампдорија-Катанија, Палермо-Џенова

OhridNews