Аргентинскиот Естудијантес со 2-1 го победи азискиот првак Поханг Силерс и обезбеди пласман во финалето на светското клубско првенство.
Бенитез стрелаше прецизно на двапати и тоа 45 и 53 минута. Денилсон го намали резултатот на 2-1, но по третиот црвен картон во тимот по кој беше исклучен голманот Хва Јонг , најдобриот стрелец мораше да застане на голот.
Покрај стрелците во главна улога беше и италијанскиот судија Роберто Росети кој додели дури три црвени картони за Поханг кој со осум фудбалери на теренот го заврши натпереварот.
Естудијантес во финалето ќе се сретне со победникот во второто полуфинале во кое играат европскиот првак Барселона и мексиканскиот Атланте.
Ohridnews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com