Протестите на илјадници работници, синдикалци и студенти кои деновиве демонстрираа низ улиците на босанскиот град Тузла, во текот на денот се проширија во повеќе градови ширум земјата.

Како што јавуваат медиумите од регионот, безбедностната ситација во БиХ е влошена, а во Сарево, Зеница, Бихач, Мостар и други поголеми градови, социјалните протести се претвораат во судири со припадниците на безбедносните сили.

Хрватскиот „Јутарнји“ повикувајќи се на извори од „aljazeera balkans“, информира дека во Тузла, Зеница и Сарево запалени се зградите на кантоналните Влади, а ситуацијата е проблематична и во останатите градови во БиХ.

Најновите информации велат дека демонстрантите ја демолирале зградата на Претседателството на БиХ, а запалени биле и простории во приземјето на зградата.

Босанскиот портал Мојуск, неофицијално објави дека полицијата во Зеничко-добојскиот кантон од утре најавува генерален штрајк, а полициските службеници се подготвени да застанат на страната на демонстрантите.

OhridNews

фото: „Jutarnji.hr“