Сакајќи да ги отсранат сите соменжи околу регуларноста на голот на Ван Нистелрој на мечот Холандија – Италија, генералниот секретар Давид Тејлор на денешната прес конференција ги објасни правилата во овај случај.
Преставникот на Италијанската фудбалска федерација Деметрио Албертини, се жалеше на Уефа, поради репетицијата на голот на видео бимовите на теренот. Албертини во дописот вели
– Прикажувањето на сомлителниот гол, дополнително психолошки ги оптерети нашите играчи. Гледано од оваа дистанца сега ние заслужено загубивме, но во тие моменти играчите не личеа на себе, а потврда за тоа е и жолтиот картон на Тони, кој реагираше кај асиситентот.
За италијаните утеха може да биде само народната : “кој губи има правo да се љути “