Репрезентацијата на Турција со голот на Арда Туран во 92-та минута од мечот го “реши“ домаќинот Швајцарија (2-1), и остана во игра за место во четвртфиналето на Европското првенство.

Мечот кој се одигра во абнормални услови на Ст Јакоб стадионот во Базел, долго ќе го паметат турските навивачи кои дефицитот од првиот дел успеаа да го “завртат“ во позитивен резултат.

Швајцарците први дојдоа во водство преку Хакан Јакин во 32 минута. По еден час игра беше 1-1. Семих Сертук со глава го израмни резултатот. Кобна за домаќините беше турската контра во судиското надополнување. Арда Туран среќно стигна до погодок кој ги продолѓи надежите за пласман понатаму.


d

Од “А“ групата, Португалија го осигура пласманот понатаму и првото место. Вториот патник ќе го даде директната премсетка помеѓу Чешка и Турција. За домаќинот Швајцарија, мечот со Португалија нема резултатско значење бидејќи тие веќе ги загубија шансите за пласман во нок аут фазата.

М.П.