Прецизно изведениот “поклон“ пенал од судијата Хаувард Веб во 92 минута од мечот помеѓу Австрија и Полска, значеше пласман на “коцакстите“ во 1/4 финалето на ЕП.

Ивица Вастич влезе во историја на европските првенстава како најстар стрелец. Голот на Вастич, ги фрли во очај Полјаците кои од 30 минута имаа водство од 1-0 со голот на Гвереро (кој беше постигнат од недозволена позиција) .

Претходно во А групата “коцакастите“ ја повторија 1998 година и ја совладаа фаворизираната Германија со 2-1. Стрелци на головите по еден во двете полувремиња беа Срна и Олич. Почесниот погодок за “Елгот“ го постигна Подолски, негов трет на првенството.

Натпреварот го одбележа и нервозниот финиш на мечот кој предвреме заврши за Бастија Шванстајгер.

Единствено Хрватска е сигурна во пресрет на последното трето коло во А групата. Останатите три селекции шансата ќе ја бараат во последното коло, во кое играат :

 

Германија – Австрија
Полска -Хрватска

Табела

Хрватска 2 3-1 6
2 Германија 2 3-3 3
3 Австрија 2 1-2 1
4 Полска 2 1-3 1

М.Постоловски