Лидерот на табелата во Премиер Лигата, Челси претрпи пораз (2-0) во дербито од 11-то коло со Ливерпул. Избраниците на Рој Хоџсон својата работа ја завршија уште по првиот дел откако шпанската машина за голови Фернандо Торес проработи во вистинско време и успеаа да го “матираат“ актуелниот првак.


За “сината“ армија ова е втор пораз во овогодинешната сезона. Манчестер Јунајтед по 11-то коло останува  единствена екипа во Премиер Лигата што не го осетила горчливиот вкус поразот.


Манчестер Сити со идентични 2-0 како и Ливерпул ја совладаа екипата на ВБА. Повратникот во првиот тим “Супер Марио“ беше во главна улога на натпреварот постигнувајќи ги двата погодоци за “граѓаните“ за подоцна со непромислен старт да добие втор жолт автоматски црвен картон. 

Резултати: Арсенал – Њукасл 0-1, Ливерпул – Челси 2-0, ВБА – Мен Сити 0-2

Табела: Челси 25, Мен Ју 23, Арсенал 20, Мен Сити 20, Њукасл 17. . .

Мх.П.