Охридскиот Народен театар, денеска (сабота) во 20 часот претпремиерно ќе ја изведе претставата „Емигранти“ по текст од Славомир Мрожек, а во режија на Ирена Стеријовска.
Во претставата играат Никола Тодороски, Стрезо Стаматовски, БиљанаБилаловиќ и Адријана Билаловиќ.
Претставата ќе се игра во подрумските простории на Центарот за култура, простор кој специјално е уреден за оваа пригода, а кој е предвидено и понатаму да се користи за одредени амбиентални претстави, особено во зимскиот период.
Премиерно претставата „Емигранти“ ќе биде изведена во недела со почеток во 20 часот.