“Црвените“ од Енфилд полека но сигурно влегуваат во посакуваниот колосек, врзаа три победи во низа две во Премиер Лигата и една во Лигата на Европа.


Вреди да се напомене дека последниот триумф е извојуван над актуелниот првак и лидер на табелата во Премиер Лигата, Челси 2-0.  Херој на Ливерпул е шпанскиот репрезентативец Фернандо Торес, кој со два погодоци го сруши шампионот на Енфилд Роуд.


Тешко ми е да се вратам по сите пречки и повреди но напорно работам да сум онoj стариот. Очекувањата на нашите фанови се големи, но јас можам да се справам со тоа. Распоредот ни е наклонет во овoј период од сезоната и вистинско време е да се вратиме на местото каде припаѓаме – вели популарниот “Ел Нињо“.


Со триумфот над Челси, Ливерпул се најде на 9-та позиција со 10 бодови зад шампионот.

Видео : Енфилд Роуд неосвоива тврдина за Челси

Мх.П.