Од дедо мраз навикнати сме да подарува. Наместо тоа тој празнично нурна во студените езерски води каде собра цело „пакетче“ необични подароци.

На овој начин нуркачите од клубот „Акватек“ од Охрид, упатија силна еколошка порака во пресрет на Новата 2024 година, повеќе да го чуваме и цениме Охридското Езеро, најголемиот басен со питка вода во овој дел од Европа, каде живеат бројни ендемски видови, како на ниту едно слично место на планетата.

Во 2024 подобро да го чуваме Охридското Езеро

Г.М.