Британската ѕвезда Ејми Вајнхаус со концертот на Калемегдан ја разочара дваесетилјадната публика, пренесува „Макфакс“, повикувајќи се на информации на белградски „Блиц“.

Со концертот во Белград популарната соул-пејачка ја започна својата нова турнеја, на која тргнува по уште едно закрепнување во болница за одвикнување од зависности.

Настанот на Калемегдан започнал во 19.30 часот со настапот на диџеј Селектор од Венеција. По него се одржале настапите на „Елементал“, „Земја грува“ и „Беј д’Фиш“ со Каролина Гочева.

Во 22 часот голем број музички хедонисти уживале во музиката на групата „Елементал“, но со нетрпение го очекувале појавувањето на соул-пејачката Ејми Вајнхаус. Нејзиниот настап го очекувале околу 20 илјади посетители.

Во 23.10 часот конечно фановите на Калемегдан го дочекуваат појавувањето на контроверзната британска пејачка и почетокот на нејзиниот концерт. Во зелено-црн фустан Ејми се појавила на сцената, се сопнала на влегувањето и делувала малку потпијането. Се очекувало да почне да ја пее песната „Јуст фриенд“, но никако не успевала да почне. Разговарала со групата, но не почнувала со пеењето. Со неа биле два помошни вокала и деветчлена група на сцената. Разочараната публика почнала да ја пее песната „Теарс дрѕ он тхеир оњн“, но пејачката не успевала да се сети ниту на еден збор и одвај стоела на нозете.


По неколку обиди нешто да отпее во 23.35 пејачката паднала, по што ја напуштила сцената во траење од десетина минути. Откако се вратила седнала покрај музичарите од групата. Белградската публика веќе била изнервирана и разочарана, но, сепак, сите се уште се надевале дека до крајот на вечерта ќе присуствуваат на подобро издание на славната пејачка.

На полноќ, Ејми и понатаму е на сцената и ги „пее“ своите популарни стихови, но звучи се полошо. Во обид да ја почне песната „Лове ис лосинг гаме“ не може да се сети на зборовите. Претходната нумера била „Бацк то блацк“, но никој не успеал да ја препознае. Дури во еден момент го отфрлила и микрофонот. Од публиката се слушнало свиркање, и скандирање: „Моби, Моби“.

Настапот на Ејми Вјнхаус српските медиуми го оценија за најлош концерт кој некогаш се одржал во Белград.

OhridNews