15-ти Aприл ќе остане запаметен како датум на кој се случи најголемата трагедија во англискиот фудбал и една од најголемите спортски несреќи во светот воопшто. Во текот на натпреварот од полуфиналето од ФА купто помеѓу Нотингем Форест и Ливерпул кој се играше на преполниот стадионот “ Хилсборо“ во Шефилд, како последица на човечко стампедо загинаа 96 навивачи на Ливерпул, а 766 беа повредени.
Причина за несреќата била слабата организација и лошата проценка на полицијата која навреме не реагирала. Поради големиот интерес трибините на стадионот се наполниле многу порано пред почетокот на натпреварот, а пред капиите останале голем број навивачи на Ливерпул кои се обиделе да влезат на преполната трибина. Во тие моменти се создало човечко стампедо, а најмногу настрадале навивачите кои имале седишта во првите редови. Пред нив се наоѓала челична ограда која попушти во шестата минута од натпреварот, а навивачите се пробија на теренот. По расчистувањето на ситуацијата на тревникот останаа безживотните тела на 96 навивачи и многуте повредени.
По големата трагедија Англиската фудбалска федерација донесе измени во правилата и ниту еден стадион во Англија нема веќе ограда.