Охридските бели се наоѓаат во тој квартет екипи благодарениe на одличниот Клечкароски кој на двата меча ги тресеше противничките мрежи. Го отвори резултатот против Кожув и ја осигура победата против Дрита.
Покрај Охрид екипите кои минатата година се спасуваа во последните кола оваа година сериозно ја сватиле работата. Брегалница , Маџари и повратникот во друштвото Цементарница имаат максимални шест бода .
Со 4 бода и без пораз по одиграните воведни кола се Тетекс, Скопје и Вардар (Н).
Во средината на табелата се Локомотива и Дрита со половичен ефект, додека веднаш зад нив е Слога која ремизираше на двапати.
Еден бод има Тетовска Шкеднија, а без бодови на табелата се Миравци, Кожув, Нов Милениум, Беласица и Новаци
Наредно 3 коло (САБОТА 23.08.2008) – (16 ч.):
Беласица – Брегалница
Новаци – Локомотива
Слога Ј- Маџари
Тетекс – Скопје
Кожув – Шкендија
Дрита – Вардар (Н)
Цементарница – Охрид
Миравци – Нов Милениум