Холанѓанскиот репрезентативец Снајдер не беше задоволен од одлуката на судијата Роки, и го награди со аплауз и погрдни зборови по што главниот арбитар му го покажа патот кон соблекувалните. За Снајдер ова е втор директен црвен картон откако е член на “нероазурите“. Лидерот на табелата Интер не може да смета на Снајдер на натпреварите со Парма и Каљари.
Најскапиот фудбалер на светот Кристијано Роналдо блескаше на натпреварот против Малага на Сантијаго Бернабе во кој постигна два погодоци и му донесе победа на Реал Мадрид. За да стане од херој до трагичар се погрижи Роналдо во вториот дел откако со лакто го удри противничкиот фудбалер Патрик Птилига. Ова е втор црвен картон на Роналдо, првиот го доби при победата на Реал Мадрид над Алмерија со 4-2.
Некогашниот фудбалер на Јунајтед ќе ги пропушти натпреварите со Ла Коруња на Риазор и со Еспањол на домашен терен. Кралевите ќе поднесат жалба за намалување на казната на Роналдо.