Португалскиот интернационалец Кристијано Роналдо го врати Реал Мадрид на победничките патеки. Најскапиот фудбалер на планетава беше во центарот на вниманиот на мечот против Малага кој кралевите го добија со 2-0.  Роналдо беше стрелец на двата гола, но натпреварот ќе остане запаметен и по црвениот картон кој го заработи во финишот на натпреварот. За Роналдо кој во Реал постигна 9 гола ова беше втор црвен картон сезонава.