Со својот четврти хет-трик во дресот на Челзи, репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска, Дидие Дрогба, се проби на шестото место на листата на најдобри стрелци на „сините“ на сите времиња.

Со трите гола против ВБА во саботата го потисна Џими Грејвес, стрелец на 132 погодока за тимот од „Стемфорд бриџ“ во 169 одиграни натпревари. Дрогба сега има 134 гола во 261 меч за актуелниот англиски првак.