Кошаркарите на АВ Охрид претплатени се за драматични победи против Пелистер во Битола. Оваа сезона „меч винер“ беше Миљан Дрекаловиќ кој погоди за три поени на 22 секунди од крајот на мечот. „Зелено белите“ не го реализираа последниот напад и мораа да му пуштат рака и честитаат на охриѓани за победата.

КК Пелистер – КК АВ Охрид

#matchwinner #playoftheday

Geplaatst door KK-AV Ohrid op Vrijdag 29 maart 2019

За потсетување, минатата сезона во Битола херој беше Рос Кенет. Американецот со звукот на сирената погоди за два поени и донесе огромна радост и значајна победа за охриѓани во битката за пласман во Супер лигата.

OhridNews

Прва лига: Фантастичен пресврт за победа на „галебите“ во Битола (видео)