Невреме пропратено со обилни врнежи од дожд и грмежи вечерва го зафати Охрид. За кратко време дождот улиците ги претвори во реки, особено во стариот дел на градот.
Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има услови за појава на краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и изолирана појава на град. Максималната температура во Охрид ќе достигне до 23 степени.
Г.М.