Обилните врнежи од дожд деновиве, предизвикаа многу проблеми со ионака проблематичната атмосферска канализација.


Охрид од поодамна мака мачи со атмосферската канализација иако пред повеќе години беа вложени околу 14 милиони евра за сепарација на атмосрефската од фекалната канализација. Но очигледно проектот кој го следеа бројни контроверзи не ги оправда очекувањата на охриѓани.


Во одредени делови на градот жителите сеуште мораат сами да се снаоѓаат за да не бидат поплавени од преполнетите шахти. За тоа сведочи и сцената која низ фотографии и видео запис ја документираше нашиот фоторепортер Васко Бујароски. Граѓанин со пумпа црпи вода од преполнета шахта во обид да не дозволи нејзино излевање.

Ohridnews
фото: Васко Бујароски