Некои од птиците, од видот гавран, се уште биле живи, но повеќето биле мртви, објаснува Кристофер Олофсон од службата за спасување во Фалкоепинг, зафрлено село на стотина километри од Гетеборг.
Тој додал дека градскиот ветеринар дошол и земал пет од птиците на анализа, и дека наодите ќе бидат готови за 48 часа.
Смртта во Фалкоенпинг се случува по двата „дожда“ од мртви птици во САД. Првиот беше минатата недела кога паднаа илјадници птици во Арканзас, а вториот вчера во Луизијана каде беа пронајдени 500 мртви птици.
Властите во Арканзас велат дека првите анализи не покажале знаци на болест. Се чини дека птиците угинале од страв.
Стравот од огнометот ноќта на 31 декември и топовските удари со кои се заплашуваат птиците штетниците би можеле да предизвикаат масовно одлетување на тие птици кои навечер слабо гледаат, па се удриле во куќи и стебла.
извор:„Макфакс“