Словенецот на последното натпреварување од сезоната на легендарната Планица леташе 254,5 метри, што е нов најдобар резултат на светот.

Тој за еден метар го подобри рекордот на Австриецот Штефан Крафт, кој во 2017 на скокалницата Викерсундбакен во Норвешка оствари скок од 253,5 метри.

Успехот на Домен Превц предизвика делириум во публиката, меѓу неговиот тим и скокачите на Планица.

Рекордниот скок сепак не беше доволен за Превац да победи пред домашната публика. На крај словенците славеа, но тоа беше победата на Анже Ланишек, кој освои два бода повеќе од второпласираниот рекордер. Третото место му припадна на Германецот Андреас Велингер.

Денес ќе спијам добро, нема да ме разбудат ни шест будилници, изјави освојувачот на Малиот глобус во вкупниот пласман по скокот. Големиот глобус го освои Австриецот Даниел Шофениг.

OhridNews
Фото: Илустрација