Домаќинот на африканскиот куп на нации, репрезетнацијата на  Ангола е елиминирана во 1/4 финалето. Првиот патник во полуфиналето е селекцијата на Гана која благодарение на голот на Гиан во 16 минута ја победи Ангола со 1-0.

Репрезентацијата на Брегот на Слоновата Коска претпре пораз од Алжир со 3-2 во продолжението, откако во регуларниот дел натпреварот заврши без победник 2-2.

Утре играат:
17:00 Египет – Камерун,
20:30 Замбија – Нигерија
 

Гана во полуфиналето ќе се сретне со победникот од дуелот Замбија – Нигерија, додека победникот од Египет – Камерун ќе се сретне со Алжир

Полуфиналните натпревари се играат на 28 јануар во 17:00 и 20:00 часот.

Финалето се игра на 31 јануар во Луанда во 17:00 часот.

М.П.