Чудно но вистинито. Од девете натпревари кои се одиграа во седмото коло од Вторатам МФл, немаше ниту еден нерешен исход. На седум натпревари се радуваа домаќините , додека само на два меча славеа гостите.
Лидер на табелата остана Дрита од Боговиње, која во 90 минута го скрши отпорот на Локомотива. На делба на второто место се Охрид и Тетекс. Тетовчани го торпедираа Новаци со тениски 6-0. Најдобриот тандем во лигата охридскиот Клечкароски и Атај повторно проработи за нова победа на охриѓани.
Дербито на колото и припадна на
Слога која минимално 1-0 ја совлада Брегланица. Штипјани кои до пред две кола немааа примено гол, во последните две претпре два порази, притоа не успевајќи да го пронајде патот кон противничката мрежа. До првата победа во Втората лига, стигна и наредниот противник на Охрид,
Шкендија која со голот на Беќири триумфираше во Сушица. Победи на домашен терен извојуваа
Цементарница и Миравци совладувајќи ги Маџари, односно Скопје. Приклучок кон врвот фаќа и
Беласица која како гостин го совлада Кожув.
Наредното второ лигашко коло се игра на 12 Окомври.
М.П.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com