Три дена по завршувањето на Светското првенство во кошарка, кај нашиот северен сосед не стивнуваат жестоките реакции на сметка на ФИБА и судиите на мундијалот за делењето на “правдата“ на полуфиналниот натпревар Турција – Србија, кој домаќинот го доби во драматична завршница во половина поен. По бројните поплаки србите денеска на светската јавност и понудија и видео доказ на кој се гледа како турскиот репрезентативец Тунчери кој го постигна победоносниот кош ја гази аут линијата. Кошаркарската федерација на Србија бара извинување за судиската кражба, во спротивно најави дека ќе се бараат оставки од одговорните во ФИБА.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com