Најдобрите млади инженери
Признанијата на најдобрите инженери традиционално им ги врачи претседателот Бранко Црвнековски, кој истакна дека вакви талентирани кадри и инженери на Република Македонија и се неопходни заради остварување на сите наши стратешки определби, а најмногу заради нашиот кавалитетен економски раст и развој во иднина. „Затоа вашиот личен академски успех претставува најголема радост за вас и за вашите најблиски, но и за заедницата затоа што токму со вашата определба да станете членови на на високопочитуваната инженерска заедница во Република Македонија постои верба дека ќе дадете максимален придонес за создавање квалитетен современ и компатибилен со европските и светски стандарди развој за целата заедница“, рече Црвенковски.
Доделувањето на инженерските признанија го иницираше Инженерската институција на Р. Македонија во 2004 година. Според проф. д-р Александар Димитров, -претседател на инженерската институција, ова признание претствува поттик за изучување на инженерството и придонес за формирање на квалитетен и современ инженерски подмладок, компатибилен со развиените земји.
Меѓу наградените е и охриѓанецот Гоце Тасески, кој веќе е ангажиран како стручен соработник во градежниот факултет. Тасески вели дека е почестен со наградата, а сега очекува да биде решен неговиот статус на факултетот.
Годинава Охрид беше почестен со уште едно инженерско признание кое го доби Зоран Трпевски најдобриот дипломец од техничкиот факултет во Битола. „Почестен сум со оваа награда која пред се’ за мене значи голем поттик во иднина уште повеќе да напредувам во мојата кариера“, ни изјави Трпевски. Моментално Зоран Трпевски е вработен со договор на дело во Министерството за транспорт и врски. Куса средба со наградените инженери од Охрид на Плаошник оствари градоначалникот Петрески кој истакна дека Охрид се гордее со нивниот успех.
Градоначалникот Петрески со наградените инженери од Охрид
Ohridnews