Повеќе бездомни кучиња го окупираа детскиот забавен парк во центарот на Охрид. Уплашени и вознемирнени децата и нивните родители, баби и дедовци мораа да го напуштат местото и да им го препуштат забавниот парк на кучињата.

Возрасните се загрижени за своите деца и велат дека е крајно време градот да преземе соодветни мерки за решавање на проблемот со бездомните кучиња кои ги има насекаде.

OhridNews