Натпреварот завршил со резултат 1:1 што било директен повод за навивачите на Фк Сараево,незодовлни од резултатот, да отпочнат се демолирање на стадионот.Натпреварот на стадионот “Асим Ферхатовиќ Хасе” го следеле околу 7 илјади гледачи.Ситуацијата ја смириле специјални единици на босанската полиција.
Фановите на домашниот клуб Сараево сакале победа над Широки Брег која би ја посветиле на трагично загинатиот Ведран Пуљиќ кој настрада во судирот на навијачите на двата клуба во октомрви минатата година во Широки Брег.