Без голема медиумска помпа, директорот на Google Алан Јустас (57), вчера во Ново Мексико, изведе скок од работ на вселената и го собори рекордот на австриецот Феликс Баумгартнер. Тој скокнал од висина од 41,8 километри, а летот траел 15 минути, при што Јустас го пробил звучниот ѕид.

За разлика од Баумгартнер кој се искачи со капсула, Јустас до работ на вселената стигна со балон на хелиум, а летот го изведе со специјален скафандер, постигнувајќи брзина од 1300 километри на час.

За потфатот директорот на Google, инаку искусен пилот, се подготвувал повеќе години, работејќи во тајност со мала група соработници.

OhridNews