Познатиот руски пејач и актер, Дима Билан со песната „Belive“ е победник на 53-то издание на Евросонг што се одржа во Белград, Србија.

Билан освои 272 гласа, втора беше Украина, а трета Грција. И овој Евросонг, како и во последните неколку години, донесе не многу квалитетна  музика и  предвидливо гласање. Најсилно лоби имаше Русија која на крај ја однесе победата.


Македонските претставници Тамара, Врчак и Адријан не успеаа да се пласираат во финалето. Следниот Евросонг ќе се одржи во Москва догодина.


ohridnews