Поранешниот “џокер“ на Алекс Фергусон, Оле Гунар Солскајер го напушти кормилото тренер на резервите во Манчестер Јунајтед за да го преземе норвешкиот прволигаш Молде.



Во 2008 година норвежанецот ја заврши 14 годишната кариерата во дресот на “црвените ѓаволи“, кој во 366 настапи постигна 126 погодоци. Популарниот “бејби фејс“ го постигна погодокот вреден трофеј во легендарното финале од Лигата на Шампиони со германскиот Баерн Минхен во 1999 година.


Мх.П.