Британецот Џенсон Батон е нов светски првак во Формула 1. Возачот на Браун на една трка до крајот на шампионатот го осигура насловот, откако на патеката Интерлагос во Бразил заврши на доволното петто место.


Џенсон Батон нов Ф1 шампион
Најголемиот конкурент, неговиот клубски колега Рубенс Барикело кој треката ја започна од пол позицијата беше само 8-ми, откако поради пех со оштетна гума мораше дополнително во бокс.

Трката за големата награда на Бразил му припадна на австралијанецот Марк Вебер на Ред Бул, Роберт Кубица беше втор, а детронизираниот шампион Луис Хамилтон заврши третопласиран.


Ohridnews