Олимпик Марсеј деветти пат во историјата и по пауза од 18 години стануваат прваци во француската лига.

Избраниците на Дидиер Дешамп ја осигураа титулата победувајќи го Рен со 3-1. Аргентискиот репрезентативец Габриел Ханјце од слободен удар го отвори резултатот.


Бријанд во 38-та минута го изедначи резултатот, најдобриот стрелец во Марсеј Мамуду Нијанг со 16-от погодок во сезоната донесе водство за домаќините додека Лучо Гонзалес стрелаше прецизно за 3-1 на големо задоволство на гледачите на Велодром.