Министерката за правда Рената Дескоска, на акцијата за чистење што денеска ја спроведе јавната администрација во рамки на кампањата „Не биди ѓубре“, со што го одработува неработниот 2 јануари од оваа година, на претседателот на судскиот Совет Киро Здравев му подари „златна метла“, за која можеше да се чуе дека не е многу амортизирана. Тој, пак, метлата веднаш ја предаде на претседателот на Кривичниот суд Иван Џолев.
Министерката очекува судството да ги имплементира законските реформи усвоени од Собранието.и да ги исчисти сопствените редови, со што, како што рече, ќе ја врати довербата кај граѓаните.