Легендата на Јувентус, Алесандро Дел Пиеро во дербито на Серија А против Милан го постигна 179 погодок во лигата и е најдобар стрелец во клупската историја на “бјанко нерите“.

Секогаш треба да си поставите нови цели, сега моја цел е да постигнам 200 голови – смета капитенот на Старата Дама.

На “пинтуручио“ договорот со Јувентус му истекува на крајот од оваа сезона а сеуште не е сигурно дека ќе ја продолжи соработката со “Старата Дама“.

Имам коректен однос со вработените во клубот, за нов договор ќе разговараме кога ќе дојде време за тоа. Единствено што знам е дека сакам да играм или во Јувентус или некаде надвор од Италија. Поминав тешки моменти со eкипата, но секогаш сум среќен што сум тука. Горд сум на све што имам направено за Јувентус – заврши десетката на “бјанко нерите“ Алесендро Дел Пиеро.