Oхридскиот хардкор-метал состав, „Хардфејсд“, на средината од јули месец настапи на еден од најголемите фестивали во Европа, „Exit“, во Нови Сад, Србија.
На настапот пред бројната публика, тие промовираа дел од својот нов материјал
Исто така, минатиот викенд охридскиот бенд настапи во клубот „Арена“ во Охрид.
Инаку, „Хардфејсд“ постојат од 2004-та година. Имаат издадено два албуми, учестувале на неколку балкански и светски компилации и имаат исвирено над 100 концерти. Моментално го привршуваат својот трет албум.
OhridNews