Три од три победи на англиските над италијанските преставници во 1/8 финалето од лигата на шампиони.
Манчестер Јунајтед, Барселона, Порто и Арсенал му се придружија на Баерн Минхен, Ливерпул, Виљареал и Челзи во 1/4 финалето.
Бранителот на трофејот Манчестер Јунајтед го победи Интер 2-0, стрелци на погодоците беа Видиќ и Роналдо.
Најблиску до спас на италијнаската чест беше Рома која на пенали со 8-7 беше поразена од Арсенал. Во регуларниот дел мечот заврши 1-0.
Во најефикасниот натпревар вечерва Барселона го торпедираше Лион со 5-2.
Единствениот натпревар без голови го одиграа Порто и Атлетико, но благодарение на ремито 2-2 во Мадрид , Порто оди понатаму.