Манчестер Јунајтед се бори за 4-та титула во низа во Премиер Лигата, додека Тотенхем е во игра за 4-то место кое води во Лигата на Шампиони. Првиот натпревар на Вајт Харт Лејн заврши со 3-1 во полза на ѓаволите.
Арсенал со двата порази во серија од Тотенхем (2-1) и Виган (3-2) се оддалечи од Челси и Јунајтед во трката за титулата. Топџиите на Емирати ќе го пречекаат ранетиот Манчестер Сити.
Граѓаните во минитато коло беа поразени од Јунајтед во третата минута од судиското продолжение. Избраниците на Арсен Венгер се на 3-та позиција, додека Манчестер Сити се на 5-то место водат мртва трка со 4-то пласираниот Тотенхем.
Лидерот на табелата Челси ќе имаат релативно лесна задача со 11-то пласираниот Стоук. Ливерпул по уште неуспешна сезона во Премиер Лигата, остана во трка за местото кое води во Лигата на Европа. Црвените гостуваат кај 19-то пласираниот Барнли, кој се бори за опстанок во елитнонто друштво.