Едно поинакво толкување на науката и научните факти за потеклото на пирамидите во светот понуди познатиот научник д-р Семир Османагиќ на предавањето одржано попладнево во Факултетот за туризам и угостителство.
Овој храбар трагач по одговори на древните мистерии во 2005 година ги открива пирамидите во Босна. Ова негово откритие жестоко е напаѓано од тамошната научна јавност, но и од светски еминентни научници, но сепак тој на научна основа со силни докази успева да го докаже своето откритие за кое тврди дека претставува неверојатен извор на енергија и средство за меѓукосмичка комуникација.
-Повеќе од стотина години нè учат дека пирамидите се градени само во Египет и Мексико, и тоа како гробници или како церемонијални места за жртвување. Тоа не е вистина. Пирамидите се присутни на сите континенти во светот и многу независни истражувачи го имаат докажано тоа користејќи ги најновите сателитски, георадарски и геотермални инструменти и методи, и со тоа ја отвараат вратата на новата вистина и новата историја за Пирамидите во Светот, истакна д-р Семир Османагиќ.
Д-р Семир Османагиќ е човек кој што ги има истражувано Пирамидите во Перу, Хондурас, Мексико, Салвадор, Боливија, Кина, Маурициус, Гватемала и многу други земји во светот. Во 2005 година ги открива Босанските Пирамиди во Високо, поради што е и примен во Руската Академија на Природни Науки како најмлад член на таа институција во која се наоѓаат и неколку десетина истакнати добитници на Нобеловата награда. После потврдата на истакнати египетски научници за постоењето на Пирамидите во Босна, тој патува низ целиот свет и предава за Босанските Пирамиди.
Г.М.