Очевидци раскажуваат дека авионот пред да падне испуштал летоци над излетничкото место по што моторот започнал нерамномерно да работи. Очевидец за Оhridnews изјави дека забележал како авионот со едно тркало удрил во дрво по што направил маневар да ја избегне толпата и се урнал врз автомобил „фиќо“ на земјата во коj спиело малечко девојче. За среќа тоа освен преживеаниот шок нема никакви други повреди.
Во моментот на несреќата во Скребатно имаше над 3000 луѓе но за среќа избегната е поголема катастрофа, бидејќи авионот не се урна врз толпата народ. На местото на несреќата попладнево излезе увидна екипа, како и тим на Управата за цивилна воздушна пловидба кои треба да ги истражат причините за авионската несреќа.
Авион се урна во близина на црквата Св. Богородица во Скребатно(ФОТО)
.