Четворица алпинисти од АК „Патагонија“ Охрид зедоа учество на „Алпинистичката Балканијада“, одржана изминатата недела во Демир Капија.
Димитри Димитров, Мартин Пејоски, Валентина Караѓуле и Дарко Наумоски, преку четиридневната авантура исполнета со презентации, искачувањето карпи, споделување искуства и добра забава, уште еднаш ја докажаа својата страст кон планината и љубовта кон недопрената природа.
Инаку, на овој настан учество зедоа повеќе качувачи од Балканот, меѓу кои и членови од останатите македонски алпинистички клубови.
О.Т.