Челзи, Манчестер Јунајтед и Арсенал со рутинирани победи над Стоук, Вест Хем односно Блекбурн ја завршија својата работа во третото коло од Премиер Лигата.

Виган го приреди најголемото изненадување откако на Вајт Харт Лејн со минимални 1-0 го совлада Тотенхем. Родалега во финишот на натпреварот го постигна погодок за триумф. Минатогодишниот натпревар помеѓу Тотенхем и Виган заврши со 9-1 за “петлите“.

Резултати: Блекбурн – Арсенал 1-2, Челзи – Стоук 2-0, Блекпул – Фулам 2-2, Тотенхем – Виган 0-1, Мен Ју – Вест Хем 3-0, Вулверхемптон – Њукасл 1-1

Табела: Челзи 9 бодови, Мен Ју 7, Арсенал 7. . .