Бранителот на трофејот отпорот на избраниците на Мартин О`Нил го разбија во второто полувреме преку најдобриот стрелец во синиот дрес Дидие Дрогба, со погодоците на францускиот интернационалец Малуда и англискиот репрезентативец Лампард во финишот на натпреварот сините си “визираа“ финале на Вембли.
Вториот патник на Вембли ќе се дознае по дуелот на Тотенхем – Портсмут.